Голем мајски раст на кредитирањето

Bez autora
Jun 22 2014

Кредитирањето пораснало како никогаш досега во мај годинава, во однос на април, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Само за еден месец има пораст на вкупно одобрените кредити за 63 милиони евра, така што тие достигнале 3,9 милијарди евра, наспроти 3,84 милијарди во април. Притоа, најголем е растот на новите одобрени заеми кај компаниите, кој изнесувал 37 милиони евра, со што тие достигнале 2,25 милијарди евра. Пораст има и кај кредитирањето на граѓаните, но тоа е помало од она кај бизнис-секторот, и изнесува околу 26 милиони евра за еден месец. Она што може да загрижува е растот на лошите заеми, односно оние кои не можат да се наплатат во период подолг од три месеци. Тие во мај достигнале 456 милиони евра, или имаат раст за 27,5 милиони евра, откако во април изнесувале околу 429 милиони евра.

Голем мајски раст на кредитирањетоКредитирањето пораснало како никогаш досега во мај годинава, во однос на април, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија.

Само за еден месец има пораст на вкупно одобрените кредити за 63 милиони евра, така што тие достигнале 3,9 милијарди евра, наспроти 3,84 милијарди во април. Притоа, најголем е растот на новите одобрени заеми кај компаниите, кој изнесувал 37 милиони евра, со што тие достигнале 2,25 милијарди евра. Пораст има и кај кредитирањето на граѓаните, но тоа е помало од она кај бизнис-секторот, и изнесува околу 26 милиони евра за еден месец.

Она што може да загрижува е растот на лошите заеми, односно оние кои не можат да се наплатат во период подолг од три месеци. Тие во мај достигнале 456 милиони евра, или имаат раст за 27,5 милиони евра, откако во април изнесувале околу 429 милиони евра. Но, и покрај големиот раст на нефункционалните заеми во апсолутен износ, тие како процент од вкупното портфолио имаат помало зголемување и достигнуваат до 11,7 отсто, од претходните 11,2 проценти, што се должи на големиот вкупен месечен кредитен раст.

А наспроти порастот на кредитирањето, речиси стагнира штедењето. Имено, иако во мај има раст на вкупните депозити од безмалку два милиони евра, со што тие се на ниво од 4,293 милијарди евра, подеталните податоци покажуваат дека паѓаат и заштедите на граѓаните, што се случува прв пат по многу долг период, бидејќи тие досега постојано растеа дури и во време на криза, како и на компаниите. Притоа, месечниот пад кај домаќинствата е за над 940 илјади евра, додека падот кај фирмите изнесува близу два милиони евра. Единствено има раст кај депозитите на јавните нефинансиски институции, и тоа за 3,8 милиони евра. Според НБМ, јавните нефинансиски институции се сите оние кои се под контрола на државни единици, односно каде што државата има можност за определување на генералната политика на институцијата, преку поседување повеќе од 50 отсто од акциите со право на глас, или преку пропис кој и' дава право на државата да ја определува политиката на институцијата, или да назначува раководни лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik